Насловна / Вести / Нивелирање на шахтите на градските улици и булевари во Скопје

Нивелирање на шахтите на градските улици и булевари во Скопје

niveliranje na sahti

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, деновиве ги нивелираат канализациските шахти на градските улици и булевари.

Во текот на градежните работи, се отстранува оштетениот материјал околу шахтите, се поставуваат нови капаци, капаците се армираат и потоа се бетонираат.

Во текот на изминативе две недели нивелирани се дваесетина канализациски шахти и на нив се поставени нови капаци, и тоа на улиците „Димитрие Чуповски“, „Франклин Рузвелт“, „Никола Парапунов“, „Христо Татарчев“, „Алија Авдовиќ“, „16. Македонска бригада3 и на булеварите „Александар Македонски“ и „Илинден“.

Акцијата за нивелирање на канализациските шахти на градските улици продолжува и во наредните денови, а екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе интервенираат на сите локации каде што ќе се јави потреба.

Испрати коментар

Scroll To Top