Насловна / Архитектура / Нивелирана велосипедска патека низ пристаништето на Копенхаген

Нивелирана велосипедска патека низ пристаништето на Копенхаген

1

Соработувајќи со општината на Копенхаген, локалната архитектонска фирма Dissing&Weitling ја дизајнираат нивелираната велосипедска рампа, именувана “Cykelslangen”, која минува низ градското пристаниште, прифаќајќи ги велосипедистите од пренатрупаните пешачки зони во градот.

5

Долгиот мост почнува од еден крај на пристаништето а завршува кон главниот влез на трговскиот центар. Притоа, на мостот се направени две велосипедски ленти со доволно простор за бавно и брзо возење, односно претекнување на велосипедистите што носат товар.

2 6 7 8

Најновата одржлива иницијатива во данскиот главен град, ќе овозможи пешаците да ја користат и слободно да се движат низ целата пристанишна зона без страв за судар со некој од велосипедистите, а исто така на велосипедистите што ќе ја користат оваа патека ќе им овозможи ефикасно поминување низ областа додека уживаат во уникатните и возбудливи глетки. Рампата ќе обезбеди единствен изглед на пристаништето со функција и на натстрешница во сончевите денови или засолниште од дожд во дождливите денови.

11 12

9 10 13 14

Од фирмата што го изработи проектот, објаснуваат: „Областа околу трговскиот центар се карактеризира со одреден проблем бидејќи постојат две групи на корисници, секоја со спротивставени интереси, а тоа се пешаците и велосипедистите. Затоа изработивме проект за подигната конструкција со патеки за велосипедисти кои лесно ќе поврзат некои фокусни точки во овој дел од градот. Велосипедистите добиваат можност за  користење на оваа конекција во текот на денот со лесен и брз премин низ областа“.

4 3

Испрати коментар

Scroll To Top