Насловна / Архитектура / Ниски терасовидни структури како хумано домување

Ниски терасовидни структури како хумано домување

1 Terasasti strukturi Svajcarija

Терасовидни структури, Швајцарија

Резиме на развојот на терасовидните структури низ времето: таложено искуство на градење на кос терен, особено во руралната средина и во градовите лоцирани на кос терен; зачувување на плодно земјиште со развој на домувањето на кос терен; период на транзиција; синтезно теоретско согледување за оформување ниски терасовидни структури; изразени можности за лоцирање на терасовидни структури; недоволна примена на ниски терасовидни групации; несоодветно користење на косиот терен и недоволен континуитет на традицијата за користење на кос терен; висок квалитет на домување во ниски терасовидни структури. Следат некои аспекти на домувањето во ниски терасовидни структури.

15 Terasasti strukturi vo Svajcarija

Терасовидни структури, Швајцарија

2 Terasasti strukturi Svajcarija

Од станбени куќи кон терасовидни структури

Идејата за организирање населби на кос терен е присутна во минатото, во зависност од конкретните потреби, можности, услови и инвентивност. Примерите на населби на кос терен го покажуваат човековиот стремеж да биде поблиску до природата, заштитен од поплави. Мотивот за такво лоцирање особено во ридско-планинските предели е заради користење на рамниот терен за производство на храна за егзистенцијални потреби, а косиот терен, кој не е погоден за земјоделство, се користи за организирање населби приспособени кон конфигурацијата на теренот и кон околината.

Согледувајќи го мозаикот на реализирани населби на кос терен, се констатира дека тоа искуство е изразено особено во медитеранските земји, преку природно лоцирање на населените места на коси терени, со оптимално користење на косината на теренот. Италијанските населби лоцирани на коси терени се пример за организирање населби на коси терени со почитување на карактеристиките на теренот.

Куќите се лоцирани една над друга со закосени покриви, како хармонични творби низ времето. Голем дел од населбите сега се туристички населби со зачувана локална архитектура. Населбите во земјите на Медитеранот се соодветни примери за можностите за градење на кос терен и воедно инспирација за организирање ниски терасовидни структури во современи услови.4  Naselba Anticoli Corado vo Italija

Населба Антиколи Корадо во Италија

Населбата Мотовун во Истра  и други истарски населби лоцирани на коси  терени имаат силно чувство за организирање населби во околината. Населбите Почитељ покрај Неретва или Јајце се лоцирани на коси терени. Покрај Бистрица е организиран градот Призрен со низа на куќи со различни фасади, градини, капии распоредени по косината на теренот.5 Ohrid

Охрид

Во Република Македонија, старите делови на градот Охрид, Велес, Кратово, Крушево, Дебар, селата во Мала Река и многу други населби лоцирани на коси терени со амфитеатрална поставеност на куќите по косината на теренот, ја формираат сликата на населбите со препознатливо мерило, со осет кон целината и детаљот и препознатлива ориентација на населбите во окружувањето.

6 Veles

Велес

Со текот на времето и со лесно зафаќање на рамниот терен за изградба на објекти, се губи осетот за градење на кос терен, со тоа што се организираат објекти и цели населби на кос терен како да се работи за рамен терен, а со обемни ископи се намалува стабилноста на тлото и не се почитува основниот однос кон теренот. Значи, со несоодветното градење на кос терен како да е рамен терен, се губи континуитетот   и не се почитува традиционалното искуство.

Идејата за градење на кос терен е блиска на нашето поднебје. Со групирање на повеќе станбени единици по косината на теренот и нивно различно поврзување во зависност од косината на теренот, се оформуваат ниски терасовидни структури (НТС)  кои се воедно и континуитет на идејата за органско користење на косиот терен, со соодветно осовременување. Се врши преод од станбени куќи кон терасовидни структури. Но и покрај присуството на традиционалното градење на коси терени, во нашата средина нема изразени примери на ниски терасовидни групации, а изведени се одделни објекти со карактеристики на терасовидно организирање.

Искуства во организирање на ниски терасовидни групации

Со согледување на одделни реализирани НТС во различни делови на светот и изработени студии – проекти, може да се согледа степенот на распространетост на овој вид структури во корелација со конкретните општествено економски услови.

7 Terasassti strukturi vo Svajcarija

Терасовидни структури во Швајцарија

Во шеесеттите години на минатиот век, особено во Швајцарија (како и во  Германија, Франција, Италија), беше присутна интензивна примена на терасовидни групации за домување на коси терени, бидејќи домувањето е погодна содржина за примена на НТС на коси терени. За илустрација, во швајцарскиот кантон Аргау, до крајот на 60-тите се изведени или проектно довршени 25 терасовидни објекти. Една од причините е финансискиот ефект, односно цената на земјиштето е пет до осум пати пониска од цената на рамниот терен. За изградба на терасовидни објекти се определени одредени подрачја, како подножјето на Јура, која се протега во голем лак од Женева до Цирих.9 Terasasti strukturi vo Svajcarija

Терасовидни структури во Швајцарија

Согледувајќи ја примената на НТС во светот, може да се констатира дека се применуваат на сите континенти, со што се потврдува унверзалноста на користењето на косиот терен. Генерално гледано, искуствата од организирање на НТС на коси терени покажуваат дека најголема примена има во Швајцарија и Германија, а намената на структурите е главно за домување. Од анализираните преку 30 примери на НТС се согледува дека се организирани на терен со косина од 20 до 100%. Применети се структури со поставување на максимум 12 нивоа по косината на теренот, а вообичаено околу седум нивоа, односно со висинска разлика од 20 до 30 метри. Најмногу се организираат групации поставени по косината на теренот, со пристап од патеки и  скали, лоцирани по косината на теренот.

Еден од основните мотиви за градење на НТС е одбегнување на ширење на населените места на обработливото замјиште и наместо тоа се зафаќаат косите терени. Под коси терени во основа се подразбираат терени со косина над 20%, со воедначена или динамична конфигурација на теренот. Терасовидните структури се целини каде доминира терасата како отворен или полузатворен архитектонски простор кој е препознатлив дел на структурите.

Урбанистички аспекти при организирање на НТС на коси терени

Најважен природен услов за организирање НТС е постење на коси терени кои се соодветно присутни во Македонија (ридско планинските терени опфаќаат 79% од површината на Републиката). Можноста за организирање НТС е изразена во ткивата на градовите што имаат коси терени (а сè уште не се во функција на градското ткиво, со организирање на структури како мали групации), потоа на локалитети  непосредно до неселените места или може да се организираат нови населби, особено ако се работи за туристички потреби и за домување.

Заради косината на теренот изборот на локацијата мора да е следен со  изострени критериуми во однос на носивоста и стабилноста на земјиштето, особено во однос на појава на лизгање на теренот. Од аспект на безбедноста, лоцирање на НТС нема да се врши на терени со изразена косина, терени со шуми, терени со опасност од лавини, на локалитети каде има можност од лизгање на земјиште, сеизмички лабилни терени и слични локалитети. Природата бара респект, особено кога се гради на кос терен. Форсираното градење на коси терени, особено со практикување на големи ископи и без почитување на природната линија на теренот, има негативни последици врз природата, која наоѓа начини да одговори на такви несоодветни дејствија.     Ситуацијата со интензивната изградба на падините на Водно, со множество градби по косината на теренот со несоодветни мерила, е несоодветен пример за организирање на коси терени, со големи лузни по лицето на падината, а последиците од таквиот начин на градба можат да бидат неповолни по стабилноста на падината. Со примена на НТС се надминува таквиот однос кон косиот терен.

Архитектонски аспекти при организирање на НТС на коси терени

Microsoft Word - nts rsci 1.docx

Типови на ниски терасасти структури на коси терени

Организирањето на НТС на коси терени се врши  вообичаено на терен со косина од 20 до 100%, со различни начини на поврзување на станбените единици со примена на принцип на допирање, преклопување, со надворешен и внатрешни ходник-улица, со минимални зафати на теренот и без ископи на теренот. Разработени се неколку примери на организирање НТС (од монолитни изведби до монтажни капсули), со различни густини на населеност, а со примена на ниски структури со хумано мерило.  Градењето на коси терени се организира во синхронизирани групации, со висини до три нивоа и воедначено мерило на целината, со изразено чувство на заемни релации, со оптимално користење на терасите и испреплетена низа на заеднички и индивидуални простори и припадност кон нив како кон традиционалното маало.

14 Terasassti strukturi na rarzlicni kosini na teren

Во основа, станбените единици се со едно и две нивоа. Во случај кога се на две нивоа, на првото ниво е просторот за дневен престој, а на второто ниво е делот за одмор. Појасите на станбените единици се лоцираат по косината на теренот и по изохипси, како и со нивна комбинација. Ориентирањето на просторот на станбената единица е кон централниот мотив – терасата, со можност за делумно или целосно затворање и заштита од надорешни влијанија (особено во зимски период и во време на прекумерни осончувања).

Тој простор може да се организира со зеленило, одмор, дел за јадење, игра на деца, хоби и ред други активности кои можат да се реализираат на тераса, како континуитет на идејата на чардакот и дворот во традиционалната архитектура. Применетата густина на населеност на примерите на НТС се движи од 200 до 315  жители/хектар. Освен за домување, НТС можат да се организираат и за други намени, со примена на неколку типови урбани модули, со кои можат да се организираат и цели населби, со што ниските структури промовираат хармонија со природата. (Книга: Ниски терасасти структури на коси терени од авторот Кокалевски Мирче, Тектон Скопје, 2000)

11 Lociranje na terasasti strukturi na kos teren

Лоцирање на терасовидни структури на кос терен

Република Македонија ги има сите природни, урбанистички, архитектонски и технички предуслови за ефикасна примена на НТС на коси терени во урбаните и руралните простори и треба да претстои период на синхронизирана активност од сите релевантни субјекти за нивна примена, во функција за повисок квалитет на организирање на населбите. Терасовидни структури како комбинација на квалитет на куќа и рационалност на структура. Предизвикот е присутен.

Активности за примена на НТС на коси терени:

– за да се измени односот кон косиот терен, потребно е дополнување на стандардите за планирање и проектирање, за организирање на НТС на коси терени;

– при изработка на урбанистички планови да се предвидат локалитети со коси терени за организирање на НТС за различна намена, со соодветно испитување на стабилноста на теренот при лоцирање на НТС;

– со оглед на тоа што постои синтетизирано познавање за оваа тематика, треба да претстои инцијатива од соодветните субјекти за организирање на НТС и со изведување на иницијални групации да се согледа непосредно квалитетот на таквите структури, што е во основа различно од сегашното градење на коси терени;

– да се промовира проект: дом на кос терен, со мотивирање на градење групации на коси терени и со поволни кредити да се мотивира тој процес, како структури без опасност од поплави, со енергетски ефикасни објекти, со квалитети на семејна куќа, а организирани како НТС;

– со градење на НТС на коси терени се заштитува обработливото земјиште за основната намена – производство на храна, како стратешки ресурс;

– со примена на НТС на коси терени се почитува континуитетот на архитектонската традицијата со примена во современата архитектура.

(Продолжува)

Испрати коментар

Scroll To Top