Меѓународната агенција за обновливи извори IRENA, објави дека постојат изгледи ниската цена на нафтата сериозно да го дестабилизира пазарот на електрични возила и производителите на биогорива. IRENA не очекува ниските цени на нафтата да влијаат врз ветерните централи, фотоволтаиците и другите обновливи извори бидејќи не се работи за исто ниво на конкуренција. Значи, ќе страдаат електричните возила, хибридните возила, инвестициите во производство на биогорива и е-мобилноста.
Директорот на IRENA Аднан Амин изјави дека падот на цената на нафтата со себе може да повлече и пад на цените на гасот, што од друга страна може да предизвика проблеми за производството на електрична енергија од ветерните централи и фотоволтаиците.