Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Ниска искористеност на обновливите извори на енергија во Македонија

Ниска искористеност на обновливите извори на енергија во Македонија

ecologic12a
Иако Македонија се „капе“ во изобилство на сончева енергија, сепак, таа е многу далеку, на пример, од Австрија и Германија, кои имаат 30 отсто помало сончево зрачење од Македонија, но се водечки во Европа според искористувањето на сонцето.

Еден од водечките македонски експерти за обновливи извори на енергија, академикот Глигор Каневче коментира за Deutsche Welle: „Македонија прави напори да го зголеми процентот на искористеност на сончевата енергија засега особено за произведување топла вода во домаќинствата, хотелите и другите објекти. Технологијата за користење на сончевата енергија за производство на електрична енергија е сѐ уште премногу скапа за масовно користење. Таа ќе биде економски исплатлива дури по 2025 година. Обврска ни беше да разработиме учество на обновливите извори од 21 процент во вкупната енергетика до 2020 година. Но, со измена на претпоставката за учеството на биомасата во енергетскиот биланс сега е поставена нова цел: до 28 проценти учество на споменатите извори. Правиме анализи како да се оствари тоа“, подвлекува Каневче.

Испрати коментар

Scroll To Top