Насловна / Вести / Нишката топлана најави изградба на топлинска пумпа на Нишава

Нишката топлана најави изградба на топлинска пумпа на Нишава

Градската топлана во Ниш најави изградба на топлинска пумпа со голем капацитет која со помош на водата од реката Нишава како топлински извор, ќе обезбедува топлинска енергија за греење. Раководството на оваа топлана по повод 50 години постоење соопштило дека се подготвуваат низа проектии со цел декарбонизација на системот за греење во градот, како и проширување и реконструкции на топлификациската мрежа. Вкупната вредност на проектот за инсталирање на топлинска пумпа изнесува околу 13,5 милиони евра, од кои Министерството за рударство и енергетика на Србија има обезбедено 8,2 милиони евра. Остатокот ќе се обезбеди преку грант од EBRD (20% од вкупниот износ на инвестицијата), како и од Град Ниш. Во Ниш веќе постои една бушотина од 300 метри – топлински извор за дополнување на системот за далечинско греење. Сличен проект се спроведува и во Сараево, односно изградба на големи топлински пумпи. Владата на Кантон Сараево веќе има донесено одлука за овој проект вреден 50 милиони евра.

nis2

Испрати коментар

Scroll To Top