Насловна / Вести / Никола против Тесла (видео)

Никола против Тесла (видео)

Компанијата „Никола“, производител на електрични возила, сериозно се заканува да ја загрози компанијата „Тесла“. Експертите проценуваат дека вредноста на „Никола“ парира на вредноста на етаблираната компанија „Форд“.

Шпекулантите на големо се кладат дека компанијата „Тесла“ во иднина нема да биде единствена успешна компанија именувана по големиот пронаоѓач и научник Никола Тесла.

nik3

Си-Ен-Би-Си пишува дека акциите на „Никола корпорација“, која произведува возила на батерии и водород, минатиот вторник скокнале за повеќе од 20 отсто брзо по отварањето.

Компанијата го започнала тргувањето на 4. јуни, по спојувањето со компанијата ВектоИК, јавна трговска фирма за специјална намена, а која ја раководи поранешниот потпретседател на „Џенерал Моторса“, Стивен Гирски. Договорот за спојување е најавен на почетокот на март.

nik5 nik6

Доколку се следат цените на акциите по затварање на берзата минатиот вторник „Никола“ вреди повеќе од „Форд“, покажуваат податоците на „Факт сет“. Се проценува дека вредноста на „Никола“ е 28.799 милијарди долари, додека „Форд“ тежи 28.794 милијарди.

Подигнувањето на вредноста на акциите уследило откако директорот на „Никола“,Тревор Милтон го најавил датумот за резервација на перјаницата на компанијата – камионот „Беџер“. На неговиот твит му предходело соопштение од компанијата дека ќе и биде потребен партнер за „Беџер“ да се пласира на пазарот.

nik7

До зголемување на вредноста на акциите на „Никола“ доаѓа и покрај фактот, дека не се очекува компанијата да оствари приходи пред 2021 година. Тоа, според пишувањето на  Си-Ен-Би-Си, покажува колку се инвеститорите спремни да вложат во компании кои ветуваат возила на иднината.

nik9

Иако годината сеуште не е завршена и „Тесла“ тек треба да оствари профит, акциите на оваа компанија оваа година пораснале за дури 127 отсто.

„Никола“, компнија основана 2015. година, наведува дека досегашните нарачки веќе се во висина од  10 милијарди долари. Меѓутоа, се уште останува да се види, дали нарачките ќе бидат и реализирани.

“Тесла“, „Џенерал Моторс“ и „Форд“, предходно најавија дека планираат да произведат потполно  електрични пикапови, но нејасно е дали во тој потфат ќе им треба поддршка на други инвеститори.

nik

„Никола“ планира во 2021. година на пазарот да ги исфрли „Nikola Tre Class 8 BEV“, а потоа и „Nikola Two Class 8 FCEV“ во 2023. година.

До 2027. година компанијата планира да произведе 30.000 камиони на електричен погон.

Испрати коментар

Scroll To Top