Фасцинацијата со ликот и делото на неповторливата Мерилин Монро не престанува. И покрај тоа што почина во 1962 година, многумина се уште ја сметаат за инспирација, икона на стилот и дефиницијата на женственоста. Нејзиниот приватен живот бил обвиткан со тајни, исто како и околностите околу нејзината смрт, па фанови низ целиот свет и ден денес се веселат кога ќе се дојде до какви било нови откритија.
Иако не откриваат детали од нејзиниот приватен живот, неодамна објавените фотографии на славната актерка предизвикале големо внимание. Имено, досега не биле видени, а се работи за дела на нејзин близок пријател, модниот фотограф Милтон Грин.
Фотографиите на јавноста ги открил неговиот син, Џошуа Грин, кој може да се пофали на фактот дека Мерилин Монро му била дадилка. Милтон Грин и Мерилин Монро, освен долгогодишното пријателство, ги врзувало и успешна деловна соработка, па така некои фотографии на кои работеле заедно станале култни, како што се оние од серијата „Балерина“.