Насловна / Арт и дизајн / Нико Краљ – архитект и индустриски дизајнер кој учествувал во создавањето на нашата материјална култура

Нико Краљ – архитект и индустриски дизајнер кој учествувал во создавањето на нашата материјална култура

Нико Краљ е словенечки архитект и дизајнер роден во Завр кај Тројана, Словенија во 1920 година. По смртта на татко му во 1936 година, ја презема неговата столарска работилница, а во 1938 година полага мајсторски испит за столар. За време на Втората светска војна бил затворен во логор, но во 1945 година успева да избега и да им се придружи на партизаните.

02

По завршување на војната се запишува на студии по градежништвото, но во втора година од студиите преминува на архитектура и завршува во 1952 година. Веднаш по завршувањето на студиите заминал да работи во најголемата словенечка фабрика за мебел „Стол Камник“, во чии рамки во 1960 година го основал развојниот оддел за дизајн, прв во некоја југословенска фабрика. Краљ се занимавал со теоријата на дизајнот со изразито модернистички пристап и фокусирање на крајниот корисник, проучувајќи ја ергономијата и антропометријата, како и новите материјали, со цел да ги подобри дизајнерските решенија на научна основа од една страна, а од друга да ги поедностави и да се забрза процесот на производство, со што се намалува цената на производите, а притоа се одржува квалитетот. Еден од резултатите од таквата работа е патент за просторно свиткани фурнир панели, поднесен во 1957 година.

07 04

Кога денес ќе помислиме на Нико Краљ денес, мислиме на неговиот најпознат стол, Рекс. Во исто време, занемаруваме дека тој над се бил особено плоден автор и еден од пионерите на индустрискиот дизајн во Словенија и Југославија. Архитектот и индустриски дизајнер Нико Краљ учествувал во создавањето на нашата материјална култура речиси во текот на целата втора половина на дваесеттиот век.

1

За неговиот професионален пат е важен фактот дека татко му бил столар и што голем дел од детството го поминал во столарска работилница. Додека студирал архитектура, негови професори биле Едвард Равникар и Едо Михевц, кај кои дипломирал во 1952 година со тема изработка на мебел за седење. По 1960 година хонорарно работи во фабриката „Стол Камник“, а истовремено е назначен за предавач на новооснованиот студиски курс Б на Факултетот по архитектура, градежништво и геодезија во Љубљана. Во 1966 година станал раководител на Институтот за индустриски дизајн на факултетот. Таму се занимавал со предавање, истражување и проектирање поврзани со дрвната индустрија.

08

Во текот на својата кариера, Краљ направил преку 39 истражувања и пријавил 118 патенти, особено фокусирајќи се на улогата на дизајнот во производниот процес. Во 1962 година ја добил Прешереновата награда, најважната словенечка награда во културата. Неговото знаење и искуство биле препознаени и на други места во светот, од 1966 до 1969 година престојувал во Тел Авив како експерт на ОН за индустриски развој.

0

Во текот на кариерата добил и голем број награди за својата работа, од кои најзначајни се сребрениот медал на натпреварот за XI Triennale internazionale d’arte decorativa moderna dell’architettura e della modellazione industriale во Милано, златниот медал на истиот натпревар во 1973 година, три главни награди на Mostra Selletiva e Concorso Internazionale del Mobile 57 Cantù и четири медали во 1960 и 1961 година на натпревари за иновации во Брисел.

00

Столот „Рекс“ досега е произведен во повеќе од два милиони примероци, а стана дел од колекцијата на њујоршка MoMa и Muzeumkvarter во Виена, како и во данскиот Музеј за дизајн.

01

Краљ бил инспириран од скандинавскиот минимализам и неговиот стол станал популарен ширум светот, па затоа било копиран на многу места. Добил многу меѓународни награди и на крајот стана култно парче мебел.

Компанијата Импакта Холдинг во 2012 година ги откупи авторските права за производство и продажба на целата програма „Рекс“ (стол, фотелја, лежалки, маса…).

00

03

????

Испрати коментар

Scroll To Top