Американската спортска компанија Nike, е прв производител на спортска опрема која направи хиџаб за муслиманските спортистки.
Хиџабот е направен од лесен, растеглив материјал со ситни дупчиња, кои овозможуваат циркулација на воздух и има продолжен заден дел.
Ќе биде направен во три бои, црна, сива и опсидијан, пренесе The Guardian.
Продажбата на првиот спортски хиџаб, наречен NIKE про хиџаб, ќе почне да се продава од 2018 година.
Работата на равивањето на тој производ траела една година, а го тестирале спортистките меѓу кои и лизгачката Захра Лари, од Обединетите Арапски Емирати.
Лари, која се надева на учество на следните Зимски олимписки игри во Јужна Кореја, на својот профил на инстаграм постави фотографии на кои го носи новиот хиџаб.
„Не можам да верувам дека конечно е овде“, напиша Лари.