Насловна / Арт и дизајн / Сонцето на Никола Узуновски ги грее европските градови

Сонцето на Никола Узуновски ги грее европските градови

125_porta3_img_7.jpgВо тмурниве, студени, зимски денови, кои одвај чекаме да поминат, малкумина од нас знаат дека еден наш македонец има создадено свое сонце, кое изминатава година има огреано повеќе градови низ Европа. Младиот уметник Никола Узуновски (31) поттикнат од животот без сонце во Лапонија создаде негова копија.  

Узуновски дошол до идеја за вештачко сонце при снимање на најкраткиот
ден во годината во Лапонија, при што забележал дека на едно место тоа
не ја допира површината на земјата, туку ја одминува. Сонцето всушност
е балон со димензии од 4 метри, кој лебди над површината како вештачки
сателит, во кој се наоѓа рефлектирачка површина која ги презема
сончевите зраци, за потоа да ги пренасочи на друга површина на Земјата.
Во 2007 год. за овој истражувачки проект, кој претставува инсталација
помеѓу уметност и наука, Узуновски ја доби наградата  Young European
Artist Prize што ја доделува Comitato Trieste Contemporanea.
sonce.jpg
По завршување на средното
образование во Средното уметничко
училиште “Лазар Личеновски” во
Скопје, своето образование го
продолжува надвор од границите на
Македонија – во Неапол, Италија – Accademia
di belle arti, Napoli ‘03, па во
Комо, Италија – F.A.R Superior course of
visual arts,Como ’03, потоа во Хелсинки,
Финска – Design and Production of Visual
Arts Kuvataideakatemia, Helsinki ’05 и во Венеција – Instituto Universitario
di Architettura , Venezia ’07.
Минатата година Сонцето го
имаше своето претставување и
на престижното 53-то Биенале
во Венеција, како еден од двата
проекта кои ја претставуваа
Македонија, а моментално
се наоѓа на Пјаца 8 Агосто во
Болоња. Се надеваме дека
по неговото претставување во
градовите низ Европа, Сонцето
конечно ќе пристигне да не
огрее и нас. Со нетрпение ги
очекуваме следните проекти на
несекојдневниот Узуновски, кој
моментално живее и создава во
Венеција и Хелсинки.

 

Александра Петровска,
дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top