Насловна / Дневни Вести / Спомен-куќата на Тоше победува и објекти од милиони евра

Спомен-куќата на Тоше победува и објекти од милиони евра

kukja_tose_proeski.jpgСпомен-куќата на Тоше Проески влезе меѓу најдобрите архитектонски дела од 65 земји кои ќе бидат презентирани на Светскиот архитектонски фестивал (WAF) во ноември во Барселона, Шпанија. Во рамките на фестивалот годинава за првпат се одржува и манифестацијата Open Bilding, People’s Choice Award 2011, каде што по електронски пат може да се гласа за објектите што ќе бидат изложени на фестивалот.

 
Меморијалниот музеј на Проески во изминатава недела се искачи на високото третото место. Со ова Македонија за првпат ќе се презентира на една ваква манифестација преку авторите на проектот Дејан Спасеновски, Дејан Секуловски, Илија Божиновски и „Синдикат студио“ под своето уставно име.
Спомен-куќата на прерано починатата македонска ѕвезда ќе се натпреварува во категорија на објекти од областа на културата – музеи. Најголеми конкуренти се: „Гуангзоу опера хаус“, Кина на Заха Хадид, „Сперон вествотер“ од САД на Фостер и партнерите, „ХАРПА концертен и конгрес-центар“ во Рејкјавик (Исланд) на „Хенинг Ларсен архитекти“ и „Батерид архитектс“, „Хоки музејот“ во Јапонија на „Никен Секеј“ и Музејот во Ливерпул, Велика Британија на ZXH.
На Светскиот архитектонски фестивал (WAF) што ќе се одржи од 2до 4 ноември во ноември во Барселона ќе бидат изложени 704 изведени објекти и структурирани дизајни во периодот од 2010 година.
Ова е клучен настан во глобалниот архитектонски календар, кој привлекува над 10.000 делегати од целиот свет. На фестивалот ќе се прогласи победник и ќе се доделат признанија, за кои ќе решава жири составено од врвни светски архитекти. 
– За нас голем успех е самото учество на оваа манифестација, која ја собира најдобрата архитектура под еден покрив. Не очекуваме награда од причина што таму ќе бидат изложени проекти изградени со милионски буџет. Но, често големината на зданијата и вложените пари не се пресудни да се привлече вниманието, а ние тоа го потврдивме со нашиот проект. Всушност, ова е манифестација на престиж и не се доделува парична награда – вели Спасеновски. 
Светскиот архитектонски фестивал е единствената средба на архитектите, набавувачите и клиентите која привлекува посетители од целиот свет. 

(Дневник)

Испрати коментар

Scroll To Top