Насловна / Екологија / Спасот е во одржливи решенија за комуналниот отпад

Спасот е во одржливи решенија за комуналниот отпад

komunalen_otpad_thumb.jpgОд година во година, ние во Македонија
се обидуваме да го копираме „американскиот
начин на живот“ – познатата “throw away" култура,
според која, производите и добрата се користат
нецелосно, односно се фрлаат и се менуваат со
нови пред воопшто да им заврши животниот век.

Според податоците на
Државниот завод за
статистика на Македонија,
вкупното количество на собран
комунален отпад во 2008 година
изнесувало 531.281,90 тони,
додека количеството на создаден
комунален отпад изнесувало
713.564,298 тони. Околу 77%
од вкупното население користи
комунални услуги од комуналните
претпријатија. Останатото
население (23%) кое не користи
комунални услуги, во најголем дел
е концентрирано во руралните
населени места. Годишното
количество на создаден комунален
отпад во Република Македонија во
2008 година изнесувало 349 кг по
жител или 0,9 кг по жител на ден.
Целта на Европа во периодот што
следи е оваа бројка да се намали
под 300 кг создаден отпад по
жител на ниво на цела Европа. Но,
како? Суштината на овој предизвик
првенствено лежи во навиките
на граѓаните, односно нивото на
еколошка свест што граѓаните
го поседуваат. Конкретно за
Македонија, која е земја со ниски
просечни примања, ситуацијата
треба да асоцира на правилно
конзумирање на секаков вид
производи од страна на граѓаните.
Но, ситуацијата во Македонија е
спротивна, од година во година
ние се обидуваме да го копираме
„американскиот начин на живот“,
односно познатата “throw away"
култура – начин на живот според
кој, производите и добрата се
користат нецелосно, односно
се фрлаат и се менуваат со нови
пред да им заврши животниот
век. На овој начин, наместо да се
стремиме кон концептот наречен
„одржлив развој“, ние полека но
сигурно се оддалечуваме од него.

komunalen_otpad_1.jpg 

СВЕСТ

СВЕСТ
Државата треба да делува на полето
на подигнување на колективната
свест, социјална и еколошка. Треба
да се промовира одржливо живеење,
колку почесто, толку подобро. Упорно
продолжуваме да го гледаме отпадот
само како ѓубре и ништо повеќе.
Упорно фрламе пари по локалните
ѓубришта… , упорно продолжуваме
со практиката употреби па фрли… и
толку! Крајно време е овој метод да си
го најде своето место во историјата.
Време е за одржливи решенија, за
решенија кои ќе ја заштитат животната
средина (и самите нас), а истовремено
ќе донесат финансиски придобивки.
Време е за целосно искористување,
време е за рециклирање!

Првенствено, нас ни треба
покренување на иницијатива во
поглед на повторната употреба на
отпадните материи, и следен чекор
колективно здружување и делување
со цел подобрување на животната
средина, во која сите ние живееме.
Треба да почнеме да делуваме од
ниво на општини, па понатаму да
одиме на ниво на градови, со што
ќе дојдеме на државно ниво.

 
komunalen_otpad_2.jpg

АМЕРИКА

Во понатамошниот текст ќе разгледаме
еден интересен пример за успешно
рециклирање во една Американска
држава, кој може да се употреби
и кај нас. Во тој пример, тим од
експерти ја поставуваат стратегијата
за управување со отпад, базирана
на активно учество на општините со
помош на приватни инвеститори.
Целта на стратегијата се базира на
изградба на инсталации за рециклирање
и преработка на 50% од вкупната
расположлива количина на
отпад за преработка.

Нормално ќе се запрашате, која
општина од нашата држава е способна
да рециклира 50% од вкупниот
создаден (собран) отпад, веднаш по
стартот на гореспомнатата стратегија?
Па сите го знаеме одговорот на ова
прашање – ниедна! Но, ова не треба да
не заплашува бидејќи оваа стратегија
не е краткорочна, напротив, таа се
базира на долгогодишна активна
соработка меѓу општините, државата и
приватните инвеститори. Овој пример
функционира. Ќе земеме општина која
рециклира само 5% од својот отпад.
Со секоја наредна година, доколку
општината успева да го зголеми својот
капацитет за дополнителни 5%, за десет
години ќе се стигне до посакуваната
цел која изнесува рециклирани 50%
од вкупниот отпад. За ваков проект
се потребни големи финансиски
средства, наменети за изградба
на инсталациите за преработка,
акциите за собирање на отпадот,
негово складирање пред преработка
и трансформирање во органски
соединенија преку компостирање.
Исто така, треба да се спомене и
опцијата за преработка на создадениот
комунален отпад на општинско
ниво, со помош на веќе се пошироко
употребуваните „мини“ инценератори,
кои можат да се постават на повеќе
локации во една дадена општина. На
овој начин ќе се врши преработка
на отпадот на самото место на
настанување, опција која не бара
транспортирање на отпадот.
Крајно време е да и се погледне во
очи на ситуацијата со која се соочува
нашата земја, време е да се
делува!

 

Никола
Нешкоски ,
дипл.инж.на жив.средина
/еко-менаџер

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top