Насловна / Совети / СОБА ПОВЕЌЕ

СОБА ПОВЕЌЕ

Image

Како да го уредиме станот за во него да добиеме детска соба, а воедно да организираме кујна, трпезарија, дневна и одделна спална соба – прашува наша редовна читателка.

Станот може да ги исполни барањта на вашето семејство и поубаво да се организира доколку ја жртвувате комотната кујна и во неа организирате детска соба. Кујната може да се смести во заедничкиот простор за дневен престој во кој се влегува директно од влезниот хол. Во холот има доволно простор за гардеробен плакар. По можност тој треба да е со лизгачки врати и огледало што ќе придонесе за убав визуелен ефект. Во просторот за дневен престој се организираат кујната, трпезаријата и дневната соба. Кујната е делумно отворена кон трпезаријата што и не е лошо бидејќи дава можност за пријатни мигови на заеднички собирања и подготвување храна. Преградата меѓу кујната и трпезаријата е во форма на пулт. Детската и спалната соба си ја зачувуваат својата интимност. Во детската соба има доволно место за кревет, работна масичка и гардеробен плакар. При купувањето на плакарот не штедете пари зашто добро организираниот и опремен плакар од внатре многу ќе помогне собата секогаш да биде уредна. Инспирација за изборот на бои и материјали нека ви биде есента. Комбинирајте природни материјали со живописни топли бои. Изберете природна боја на дрвото (светол јасен) за фронтови на сите плакари, комоди и елементи од кујната. Кожа во беж или кафеава боја би била идеален материјал за тапацираната гарнитура. Складот на светлите тонови и природните материјали заедно со едноставните линии треба да создадат стилска линија допадлива и за најпробирливите.

 

Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инг.арх.
[email protected]м
Објавено во број 92.

Испрати коментар

Scroll To Top