Насловна / Вести / „НИ СНЕМУВА ДРВЈА!“ – Попис на дрвја во Карпош 4 и делови од Дебар Маало и анализа на состојба

„НИ СНЕМУВА ДРВЈА!“ – Попис на дрвја во Карпош 4 и делови од Дебар Маало и анализа на состојба

Откако во ноември и декември минатата година активисти од неколку иницијативи спроведоа попис на дрвјата на територијата на Карпош 4 и делови на Дебар Маало, сега во сабота (5 март) ќе ја презентираат методологијата по која ги работат последните неколку пописи на зеленило во Скопје и ќе го промовираат Водичот за попис на дрвја.

На пописите работеа граѓани од иницијативите „Ние сме Карпош 4“, заедно со „Плоштад Слобода“, „Во одбрана на Дебар Маало“…

исечени дрвја

Активистите велат дека луѓето кои работеа на терен и оние кои ја правеа анализата, на настанот во сабота од 14 часот во ОУ „Лазо Трповски“ ќе ги споделат заклучоците и препораките од наодите на пописот. На лице место за заинтересираните ќе бидат достапни и публикации, а од 7 март тие ќе бидат достапни и преку интернет.

„Во рамки на средбата ќе го направиме првиот обид за партиципативно просторно планирање, брза интерактивна работилница во која ќе покажеме како мислењата и ставовите на граѓаните можат да се артикулираат во конкретни акции, и да бидат основа на процесот на изработка на ДУП-овите.

Дојдете на време за да учествувате во работилницата и заедно да покажеме дека граѓаните може и мора да бидат активно вклучени во просторното планирање!“, стои во повикот на настанот, кој е дел од проектот „Активни заедници“ на Плоштад Слобода.

Спроведувањето на проектот е поддржано од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top