Продукт дизајнерите не престануваат да нè изненадуваат со нивниот уникатен пристап кон секојдневните објекти. На пример, ако зборуваме за светилки што ги користиме во нашите домови, кој вели дека тие треба да бидат едноставни и со правилни линии, и на тој начин сите изгледаат речиси исти?
Се разбира, трендовите се менуваат, така што во оваа или некоја друга сезона ќе имаат акцент на различни бои или форми, но основните контури се секогаш препознатливи.
Лондонското дизајнерско студио JamesPlumb токму тој момент сакале да го избегнат. Нивната нова колекција на светилки носи модел кој не може да се реплицира за да биде идентичен со претходниот. Се состои од бетонска коцка, сијалица и рачно обработено олово кое изгледа како стуткани листови. Според дизајнерите, тие сакале да одат против конвенционалното совршенство кое го гледаме во масовното производство. Тие биле привлечени од идејата за создавање на производи кои, секој за себе, ќе имаат своја уникатна приказна.