Насловна / Вести / „Невидливи“ фото-стории во „Јавна соба“

„Невидливи“ фото-стории во „Јавна соба“

„Невидливи“ е аматерска изложба на фото-стории на членовите на Медиа клубот – Скопје од Младинскиот образовен форум.

Изложбата ќе се отвори на 24 декември (четврток) во просториите на „Јавна соба“ во 20 часот.невидливи јавна соба

Настанот е резултат на двомесечни работилници за фотографија и новинарство, преку кои членовите изготвија текстови придружени со фотографии кои отсликуваат еден дел од работите кои се невидливи во нивното секојдневие, луѓето и нештата кои тие ги сметаат за невидливи.

„Фотографијата и новинарстовото имаа куса љубовна авантура. Нивнoто love child e нашата изложба!“, велат организаторите на настанот.

Отворањето на изложбата е најавено за 20 часот.

Испрати коментар

Scroll To Top