Резиденцијата „Мираж“ на грчкиот остров Тинос целосно се вклопува во околината, со што ги крие домаќините и гостите од љубопитните погледи. Луѓето од архитектонското студио Kois Associated Architects, при анализа на теренот оцениле дека најдобро решение е целосно спојување на објектот со околината и „вградување“ на вилата во постојниот амбиент.
Така, двата ката на вилата се „сместени“ внатрешно во теренот, кој се отвора со голема тераса со поглед на морето, а во функција на покрив се наоѓа голем бескраен базен чија површина се рефлектира како морската.
Поради морскиот сјај целата архитектонска структура од воздух и од отворено море не е толку видлива, така што вилата заслужено го носи своето име, и навистина изгледа како привидение.