Невидливата куќа, издолжена и покриена со огледала ја одразува сопствената околина на пустинскиот пејзаж, кој е тешко да се види од далеку.
Сместена во близина на Нациналниот парк Joshua Tree, кој е на два часа југоисточно од Лос Анџелес и на десет минути од центарот Joshua Tree, куќата во форма на кабина ја проектирале амеркиканскиот филмски продуцент Крис Ханли и архитектот Томас Осински, соработник на Франк Гери.
Куќата која е во приватна сопственост, сега е достапна за изнајмување, за снимање, фотографирање, приватни настани и поголеми настани на отворено.
Куќата е проектирана со целосно огледална надворешност, која исчезнува во околниот пустински пејзаж, додека во исто време, нејзините аголни димензии нудат впечатливо различен изглед од големите истрошени грамади камења, кои се карактеристични за ова подрачје.
Во внатрешноста на куќата се наоѓа затворен базен долг 30 метри, додека нуди прекрасен поглед кон сувиот пејзаж.
Внатрешниот простор содржи три спални соби, бања, префабрикувана куќа за гости. Внатрешноста е елегантна, строга и ладна, додека надвор се одразуваат земјаните тонови на пејзажот, под лаванда и синото небо.
Ентериерите се состојат од ѕид кој е свртен кон запад, лизгачки стаклени врати од подот до плафонот. Ѕидот внатре кој се отвара, открива поглед кој одзема здив создаден од ветер, пустина, иконични дрвја и црвени и виолетови сенки фрлени врз карпите, додека сонцето се движи по небото.
Додека темното пустинско небо се исполнува со ѕвезди, базенот нуди пригушено светло, кое се менува од електрично сина во темно црвена боја, неон, зелена, тиркизна и виолетова.
Белиот ѕид на крајот од базенот може да послужи како екран за проекции на филмови, видеа или фотографии за гостите. Во ентериерот доминираат мазни, бетонски подови и современ мебел.