Ентериерните архитекти од i29 од Холандија, дизајнираа кујнски остров кој има невероjатно тенок профил, така што кога се набљудува од друг агол изгледа скоро невидлив.
Во современите ентериери дневниот престој се спојува со кујнските острови, па затоа i29 се насочуваат повеќе кон дизајн на парче мебел отколку на кујна. Нивната цел беше да се развие кујнски систем кој се чини исчезнува во просторот.
Дизајнот е сведен на апсолутен минимализам, со тенка површина од неколку сантиметри каде се сместени мијалник, просторот за готвење и сите електрични приклучоци. Големи лизгачки ѕидни панели ги скриваат сите кујнски апарати и оставата за складирање.
Во конкертниов случај, кујнскиот концeпт е инсталиран во апартман во Париз, каде текстурата од постоечкиот профилиран ѕид е ископирана на предните панели, за да го интегрира својот волумен во монументалниот простор.