Едноставноста, основните геометриски форми и природните материјали биле основа за дизајнот на „невидливиот“ тоалет, чиишто санитарни и технички елементи се скриени под дрвени полици. Со вклопување на сите елементи, добиена е просторна композиција која се инкорпорира во внатрешноста на бањата.
Софистициран и минималистички пристап кој го трансформира вообичаениот изглед на елементите во бањата бил почетната основа за дизајнирање на „невидливата бања“ од колекцијата на Rapsel. Matheo Thun и Antonio Rodrigez дизајнирале бања која импресионира со нови линии и иновативни форми. Лавабото, тушот и тоалетот се скриени под минималистички структури од ариш, кои се претвораат во каскадно поставени скулпторски полици. Овие полици формираат една целина, додека во исто време секоја форма може да се сфати како посебно поставена, а може да се користи и за седење.
Јасните линии и естетската доследност доминираат во дизајнот на бањата и ја одржуваат максималмо чиста. Сите технички и санитарни инсталации се скриени – сите функции на бањите се целосно претворени во полици и простор за складирање кои се транспарентни и конвертибилни.
Едноставноста на дизајнот се рефлектира и во изборот на материјали: водоотпорното светло дрво од ариш создава природна и топла атмосфера, холистичка и примамлива. Димензиите на овие елементи се прифатливи за различни големини на бањи и претставуваат уникатно искуство во просторот.