Насловна / Архитектура / Неверојтен дизајн на мост во Кина: Кривини кои ја чуваат стабилноста

Неверојтен дизајн на мост во Кина: Кривини кои ја чуваат стабилноста

После импресивните проекти како Daxia Tower и Wuhan Taikang Financial Centre, архитектонската компанија Zaha Hadid Architects (ZHA), повторно привлече внимание со својата работа во Кина, овој пат проектирајќи мост. Мостот Chengdu West First не е само обичен мост – тоа  е вистинско архитектонско чудо кое комбинира естетика и функционалност. Се простира на должина од 295 метри и им овозможува на пешаците, велосипедистите и автомобилите да минуваат преку реката Jiangxi.

ЗХА1

 

Она што овој мост го прави посебен, е неговата блага кривина со која се протега над реката, како и двата големи челични потпорни лакови кои се издигаат од двете страни на коловозот. Бидејќи се издигнуваат до максимална височина од 30 метри, лаковите се навалуваат еден кон друг и се допираат, обезбедувајќи дополнителна стабилност на мостот, посебно во услови на силни бочни ветрови. Стабилноста на мостот била од клучно значење во текот на проектирањето, посебно со оглед на неодамнешните екстремни временски настани кои ја погодија Кина. Користен е софтвер за конструктивна анализа на дигиталниот модел на мостот со цел да се обезбеди негова издржливост и во екстремни услови кои се јавуваат еднаш на 200 години.

 

Испрати коментар

Scroll To Top