Насловна / Архитектура / Неверојатно тесен облакодер

Неверојатно тесен облакодер

Дека недостасува простор на атрактивни локации покажува и фактот дека зградите се градат на толку тесни места каде што никој не би помислил дека може да се подигне зграда, а не висококатница. Тесни облакодери се градат насекаде низ светот, но таков тесен како што е планиран за Сиднеј никогаш порано не е виден. Широк е само 6,4 метри и наликува на моливче по што го доби своето име поради неговата форма. Односот на висината и ширината е 16: 1, и ако биде изградена, оваа кула ќе стане најтесниот облакодер во Австралија. Проектот за „Pencil Tower“ го направи архитектонското студио Durbach Block Jaggers.

neboder

Оваа кула висока 100 метри е всушност хотел. Планирано е да содржи 173 соби со шест апартмани на секој кат. Поделен е на три дела – подиум, соби и врвот од кулата. Собите ќе се наоѓаат над седумкатниот „подиум“. Овде ќе биде сместено предворјето, кафуле и салон, додека на спратовите над собите ќе има спа и отворен балкон.

Првите седум ката кои го сочинуваат „подиумот“ се направени да личат на фасадите на околните згради, со лакови и фасадни тули. Централниот дел има модерен дизајн и просториите се сместени таму, додека на горниот дел има спа центар покриен со покрив, кој се карактеризира со тактилни лакови со поплочен таван. Главната атракција е последниот дел, кој наликува на „летечки балкон“ со базен, турска бања и простор за сончање скриен под закривен плик. Долната површина на закривениот лак е покриена со плочки што се видливи од улицата.

neboder1

Долниот дел од кулата ќе биде изграден по традиционални методи со бетонски столбови и плочи, додека во горниот дел ќе се користат челични оплати, кои ќе станат дел од постојаната конструкција. Во зависност од локацијата, пристапот и употребата на кранови над шестото ниво ќе бидат вистински предизвик. За изградба на конструкцијата ќе се користат челични плочи и оплати за ѕидовите, што може да се инсталира без употреба на кран. Зградата затоа ќе биде, на некој начин, рачно изработена.

neboder2

Испрати коментар

Scroll To Top