Насловна / Арт и дизајн / Неверојатни стаклени фигури во њујоршкиот „Линколн центар“

Неверојатни стаклени фигури во њујоршкиот „Линколн центар“

stakleni skulpturi_3

Во фоајето на „Линколн центар“ во Њујорк, поточно во просторот на театарот со име David H. Koch, поставени се прекрасни стаклени скулптури.

Францускиот сликар и скулптор Dustin Yellin, кој моментално живее и работи во Њујорк, постави 15 стаклени скулптури во коишто се „вовлечени“ илјадници внимателно наредени колажи. Скулптурите еволуирале од уметничката серија на авторот наречена Psychogeographies, која ја започнал во 2011 година, и се создадени од исечени детали од книги за историјата на уметноста, списанија, речници и литератури за танц, кои се внимателно наредени во сложувалката, формирајќи интересни 3D танцови фигури.stakleni skulpturi_4

Изработката на секоја скулптура која тежи до 1400 кг, траела речиси една година, а покрај самиот уметник, во создавањето на овие статуи учествувале и четири асистенти. Со изложбата се одбележува третата година од уметничка програма која ангажира современи уметници за чија организација е одговорна познатата танцова трупа New York City Ballet.

stakleni skulpturi_1

 

Испрати коментар

Scroll To Top