Насловна / Арт и дизајн / Неверојатна само-стерилизирачка квака

Неверојатна само-стерилизирачка квака

kvaka2

Кваките може да бидат преносители на вирусни инфекции, особено на јавни места каде има голема концентрација на луѓе. Овој факт сериозно го земаат предвид дизајнерите кога ја дизајнирале оваа едноставна но поразлична од останатите кваки. Таа „работи“ на принцип да спречи наместо да биде преносник на опасни микроорганизми, кои можат да бидат фатални по човековото здравје. Кога кваката е во мирна, односно вообичаена положба неа ја осветлува UV светлина која има моќ да ги уништи микроорганизмите и потенцијалните преносници на зарази и болести.

kvaka 1

Како бонус во дизајнот, во прилика на вонредни ситуации или снемување на струја, оваа квака е во состојба да емитува слаба светлина која го покажува позиционирањето на вратата и правецот на излез во случај на несреќа. Кваката е дизајн на Choi Bomi, а токму за овој дизајн ја добива наградата Red Dot Design Award.

kvaka 3

Испрати коментар

Scroll To Top