До меѓународната истражувачка станица од која се пружа спектакуларен поглед, се стигнува со ултрабрз воз, односно ултрабрз лифт, кој на височина од 108 метри се искачува за 25 секунди. Jungfraujoch во западниот дел на Швајцарија, според мислењето на многумина е едно од најубавите места на светот, а го нарекуваат уште и „Врвот на Европа“. Тој планински масив се издига на 4158 метри, додека на височина од 3454 метри се наоѓа највисоката европска железничка станица, како и импресивна опсерваторија.
Планинските врвови с екласичен пример за сурова околина која служи како идеално место за разни истражувања, од физиолошки до астрономски. Кога во 1912 година се отворила станицата Jungfraujoch во Бернските Алпи, им овозможила на љубопитните научници едноставен пристап до сериозна надморска височина. Опсерваторијата „Сфинга“ формирана е во 1937 година на самата стрмнина. Со неколку лаборатории, метеоролошка станица, астрономски куполи и телескоп, служела за проучување на медицината, физиката на космичките зраци и астрономијата. Во текот на годините опсерваторијата се надоградувала и се прилагодувала на потребите на научниците.