Во јужната пустина Гоби во Монголија, зградата која е проектирана од страна на Margot Krasojević Architects ја истражува заспаната монолитна архитектура во песочните дини. Полигонот е наречен Sand Drift Proving Ground и се претопува со околината. Изгледа како материјал кој го нанесуваат пустинските ветрови, се издига од пејсажот кога се користи или останува под снег и песок кога е во мирување. Оваа „закопана“ пустинска зграда се активира со движење. Тоа е полигон на кој во текот на целата година се тестира движењето на теренските возила и нивното однесување во тунелите, поплавените подрачја и на површините под различни нагиби.
Дизајнот на пробната патека, спонзориран од страна на SAIC, има три зони: торзиони препреки, завиени ленти и реакција на површината. Тука се и лизгави патеки за издржливост и прегледност, како и вештачки хидроплански поплавени и замрзнати зони. Зградата сама по себе е вештачки пејсаж. Со симулација на опкружувањето, користење на соларен и пиезоелектричен инженеринг, таа имитира различни услови на возење. Зградата е делумно „закопана“ во пустинска карпа. Така го одржува подземното опкружување многу поразлично од надворешните услови. Климата на локацијата секојдневно се менува, бидејќи температурите во монголската пустина варираат од -30 до +38 степени Целзиусови. Градбата делува како барометар за прилагодување и создавање на вистинско опкружување за тестирање во објектот. Користи сензори за движење за да реагира на движењето на возилата. Исто така секое возило е опремено со сензори за активирање на различни делови од патеката и полигонот.
Margot Krasojević, проектантот на овој објект, ја освои наградата LEAF 2018 година з анајдобра зграда во изградба како и Drawing Board за Self-Excavation Hurricane House. Номинирана е за Energy Globe awards 2020, a исто така има освоено и GOLD WAN награда за 2020 и 2021 година.