Насловна / Вести / Nevera на Rimac Automobili конечно доби сертификат – се е подготвено за испорака на автомобилите на купувачите

Nevera на Rimac Automobili конечно доби сертификат – се е подготвено за испорака на автомобилите на купувачите

Шефот на Rimac Automobili, Мате Римац објави на Фејсбук дека фабриката ги добила потребните дозволи за сертификација на својот електричен суперавтомобил и дека се е подготвено за испорака на моделот Nevera на првите купувачи. „Конечно од надлежните тела добивме  документација за ЕУ сертификација на Nevera. Овa е важно за нас бидејќи вложивме неброeни часови, илјадници тестови, години тешка работа и многу уништени  суперавтомобили за да дојдеме до оваа точка. Во следните неколку недели би требало да стигнат и американските сертификациски документи”, напишал Мате Римац на Фејсбук.

nevera1

nevera1

Тој вели дека сега се е подготвено за почеток на испораката на купувачите – целосно нова производна линија во новиот погон во Јанкомир, како и дека е направен првиот автомобил (откако 17 прототипови се направени во процесот на развој и тестирање) во производниот процес. Истакнува дека хомологацијата е направена, дека финалното подесување на софтверот е во тек и дека едвај чекаат да ги испорачаат првите автомобили на купувачите во следните неколку месеци. „Го почнавме овој проект од чист лист хартија во 2017 година, во време кога бевме сосема поинаква фабрика – само 200 вработени со вкупен капитал кој до тој датум изнесуваше четириесет милиони евра. Го покажавме автомобилот на саемот за автомобили во Женева 2018 година, што беше прерано. Верувајте ми, нема да ја повториме таа грешка! Бевме наивни и мислевме дека ќе можеме да го испорачаме автомобилот веќе во 2020 година. Како и секогаш, работите ниикогаш не одат по план, па сега сме тука – со над 1.500 вработени, капитал од 830 милиони евра, со многу повеќе седа коса и искуство. Научивме многу и тоа ќе го примениме на се што ќе работиме во иднина”, додава Римац.

nevera2

Nevera електричниот суперавтомобил кој до 100 километри на час забрзува за помалку од две секунди, е производна варијанта на концептниот автомобил прв пат прикажан на Меѓународниот салон за автомобили во Женева во 2018 година. Мате Римац, својот пат до успехот го започнал од хоби, кога со 20 години своето BMW произведенo во 1984 година, во гаража го преправил на батериски погон. Римац редовно истакнува дека најголема инспирација му е Никола Тесла. Компанијата Rimac Automobili е основана во 2009 година, а само 11 години подоцна, фирмата го прославила вработувањето на својот илјадити работник. Денес компанијата развива електрични погонски склопови и батерии со високи перформанси за некои од најголемите светски производители на автомобила, а Римац лансираше и две генерации на свои суперавтомобили.

 

Испрати коментар

Scroll To Top