Насловна / Ентериери / Неутрален, но доволно топол простор за живеење

Неутрален, но доволно топол простор за живеење

Неутралните тонови користени во еден ентериер ни даваат пријатно чувство и во овој простор се чувствуаме опуштено и релаксирано. Токму ваквиот дизајн може да се каже дека е еден од идеалните за користење во дневните соби и општо кај домовите.

1-neutralen

Овој одличен пример на стан во кој се користат неутрални тонови како дел и принцип на дизајнирање, во дневниот простор се состои од сива седечка гарнитура која дури и на изглед дава чувство на мекост и комодитет. Оваа гарнитура надополнета со светлите ѕидови и неколкуте потемни детали, даваат една целосна слика на овој релаксирачки дизајн.

2-neutralen

Интересни детали, како во дневната соба така и во целиот стан, претставуваат светилките. Особено големата светилка во дневната соба, како и светилките над трпезариската маса, може да се вбројат во специфичните детали кои му даваат особеност на овој ентериер.

3-neutralen

Исто така, покрај неутралните тонови, неизбежно е да се искористи и дрвото во еден ентериер, со што успехот за да се изгради топол и пријатен простор е загарантиран. Така, дрвото се јавува на неколку места, не наметнувајќи се, но сепак доволно за да ја одигра својата улога во овој простор.

4-neutralen 5-neutralen 6-neutralen

Испрати коментар

Scroll To Top