Насловна / Вести / Неуспешно ќе заврши и Турски тек?!

Неуспешно ќе заврши и Турски тек?!

turski tek

Руската компанија „Гаспром“ го раскинала договорот со компанијата „Саипем“ за изградба на првата линија од морскиот дел од гасоводот Турски тек, соопштила руската компанија. Таквата одлука била условена од неможноста за постигнување договор за работните и комерцијалните прашања околу проектот Турски тек, се вели во соопштението.

Другите работи на проектот продолжуваат и во блиска иднина „Јужен тек транспорт“ ќе почне преговори со потенцијални изведувачи на работите за првата линија на Турски тек. Руските медиуми објавија дека „Гаспром“ очајнички се обидува да најде заеднички јазик со Турција и дека тоа привремено го сопрело инвестирањето во Јужниот коридор.

Информацијата дека „Гаспром“ ја сопрел изградбата на гасоводот Јужен коридор дополнително ги „разгорела“ гласините дека Русија полека, но сигурно, се откажува и од тој проект.

 

Испрати коментар

Scroll To Top