Насловна / Вести / “Net Zero” населба во Бостон

“Net Zero” населба во Бостон

Boston Net zero naselba

Бостон стана побогат за една “Net Zero” населба (населба во која се произведува целокупната потребна енергија). Користени се најнови технологии, соларна енергија, системи за собирање на дождовница, зелени покриви и прозорци со тројно застаклување. Архитектите од студиото “Interface Studio”  се автори на проектот  кој е носител на LEED Платинест сертификат.

 

Interface Studio Architects - Roxbury E+

Идејата е на овој начин да се  популаризираат нискоенергетските и “Net Zero” објекти во Бостон. На покривот се поставени вкупно 39 соларни панели, кои можат да произведат 10.000 kWh годишно. Сите објекти се проектирани согласно “Passivhaus standard” и произведуваат доволно енергија за сопствените потреби. Сите куќи од овој проект се триспратни, имаат три спални соби и две бањи. Куќите имаат дворови и огромни тераси.

Boston net zero naselba2

Интересно е да се истакне дека сите апарати за домаќинство се со висока енергетска ефикасност, а исто така водено е сметка и за рационална потрошувачка на водата. Дури и билките посадени во дворот се отпорни на суша.

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top