Насловна / Архитектура / Несовршена куќа која се вклопува во пејзажот

Несовршена куќа која се вклопува во пејзажот

Куќата Calixto во Шпанија е изработена од бетон околу кој е наредено остатоци од каменолом за да се даде рустикален изглед кој одговара на неговиот контекст.

Spanija
Главната грижа на архитектите за создавање на архитектурата на оваа куќа беше да добијат проект што ќе има што е можно помалку влијание врз пејзажот. Имајќи го ова предвид, куќата, пред сè, е артикулирана со едноставна програма каде гаражата е добро поврзана со градината, која е дизајнирана да организира забави со семејството и пријателите, а минималистичката куќа низ големи транспарентни делови од фасадата го гледа околниот пејзаж и пушта светлина во внатрешноста.

Spanija1
Проектот се заснова на логиката на обиколка низ куќата, како архитектура на шеталиштето, каде се потенцира врската со пејзажот и околината на градината, пишуваат архитектите за ArchD Daily.

Spanija2
При минување низ куќата, отворите го поврзуваат внатрешниот простор со надворешниот пејзаж, а идејата на архитектите GRX Arquitectos била градината да не се доживува како не-станбен простор, туку како посредник кон околниот пејзаж преку нова топографија.

Spanija4
Преку материјализација, архитектите се соочиле со сериозна задача да обезбедат континуитет на народниот пејзаж со модерна градба. Тие не сакале да го загрозат пределот со современи материјали и облици, така што структурата на куќата е направена од бетон, додека околу него е нареден локалниот камен, што дава доволно несовршен изглед. И тој камен не е било каков…

Spanija5
Целата фасада на куќата е направена со употреба на камен од локален каменолом, што е всушност отпад во производството на големи плочи, што ја прави суровината уште поекономична.
Дека куќата припаѓа на 21 век, може да се види само од фасадата, каде огромните застаклени површини овозможуваат навлегување на голема количина на светлина, во исто време алуминиумската столарија е во одличен контраст со белиот камен.

Spanija6
Од друга страна, ентериерот е целосно модерен – минималистички каде преовладуваат белите и сивите бои.
Дебелината на ѕидовите и покривот, што е 60 сантиметри, овозможува висока топлинска изолација на куќата за време на жешките летни денови, а исто така повремените стаклени делови на фасадата овозможуваат навлегување на светлината за време на суровите зими.

Spanija8

Spanija7

Испрати коментар

Scroll To Top