Имајќи неприкосновена желба за создавање на сопствено место за уживање и релаксација, затскриено во длабочините на шумското зеленило, Финскиот дизајнер Robin Falck за себе ја дизајнирал и изградил оваа колиба со минимални димензии, применувајќи локални и рециклирани градежни материјали.
Аголот под кој е накосена структурата, како и големината на прозорскиот отвор обезбедуваат непречено апсорбирање на природната светлина во ентериерот, отворајќи визури за уживање и воспримање на природното пространство. Приземјето на објектот е организирано како дневен простор со мини кујна, додека на катот се позиционирани оставата и спалната соба.