Европската комисија одобрила пакет инвестиции од 680 милиони евра за пет избрани проекти за железница и за производство на електрична енергија од обновливи извори. Станува збор за финансиски пакет на ЕУ во склоп на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан. Преку ИПА3, вредноста ан грантовите е вкупна 253,2 милиони евра. Остатокот се поволни кредити од меѓународните финансиски инстиитуции и учество на државните компании. Шестиот пакет се состои од еден проект за железница во Албанија и Црна Гора, две инвестиции во ветерни електрани во Босна и Херцеговина и една соларна електрана во Албанија.
Европската комисија соопшти дека компаниите носители на три потфати во доменот на зелената енергија, заедно вредни 333 милиони евра, ќе добијат вкупно 75,4 милиони евра во грантови. Средствата ќе бидат исплатени преку Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF) . Корисниците, односно државните електростопанства ќе покријат вкупно 25,1 милиони евра од сопствени средства. Повластени кредити имаат одобрено EBRD, KfW и EIB. Најголемата инвестиција, ветерниот парк „Поклечањ“ во Босна и Херцеговина, е проценета на 200,3 милиони евра. Електростопанството на БиХ, пред повеќе од една година од Владата на Федерацијата на БиХ добила гаранција за кредитен пакет од 150 милиони евра. Што се однесува до соларниот парк во Албанија, неговата изградба треба да заврши до 2026 година. Проектот е проценет на 41,8 милиони евра од кои 9,6 милиони евра се грант преку WBIF.