Стар силос во Вордингборг во Данска, висок околу 53 метри, уништен е со планирана детонација, но не одело се како треба. По активирањето на експлозивот силосот се срушил во спротивна насока од планираната и оштетил дел од зграда во која се сместени библиотека и музичко училиште. Како што пренесуваат медиумите во Данска, за среќа немало повредени. За рушењето кое било планирано шест месеци користено е 10 килограми експлозив.