Насловна / Арт и дизајн / Неонски „мисли“ сместени во напуштени области

Неонски „мисли“ сместени во напуштени области

instalacii napusteni mesta (3)

Фотографката Јунг Ли од Јужна Кореја одлучила со помош на неонските светилки да ги изрази своите мисли и нив да ги постави во далечни, напуштени области.

Ли Јунг студирала фотографија на Кралскиот колеџ за уметност во Лондон и студии за англиски јазик.instalacii napusteni mesta (4)

Со својот проект, младата уметница сакала да ја претстави „ограниченоста на јазикот“. Својата „борба“ со речениците и фразите, авторката одлучила да ја претвори во интересно уметничко патување, а искажаните мисли ги претворила во објекти од неонски знаци со кои таа патува во далечните напуштени земји.instalacii napusteni mesta (6)

Токму таму настануваат овие надреални и помалку осамени фотографии. Но, како такви, тие се совршено функционални за поттикнување на низа мислења, или можеби прашања кај гледачот.

instalacii napusteni mesta (5)

Речениците што ја инспирираат авторката, таа ги пронаоѓа во статии од весници, во исечоци од книги или писма, сместувајќи ги во тивка атмосфера, со што добиваат сосема ново значење. Во моментов, оваа млада авторка се подготвува за изложба во Холандија.instalacii napusteni mesta (2) instalacii napusteni mesta

Испрати коментар

Scroll To Top