Насловна / Архитектура / Неом, град кој сè уште не постои ќе биде домаќин на Азиските зимски игри

Неом, град кој сè уште не постои ќе биде домаќин на Азиските зимски игри

Футуристичкиот саудиски мегаград Неом, замислен како два облакодери кои се протегаат 170 километри низ пустина, без улици, туку со летечки такси и кој е предвидено да ги почитува сите еколошки норми ќе биде домаќин на Азиските зимски игри, кои ќе се одржат во пустината во 2029 година. Спортистите ќе се натпреваруваат во 47 спортови, од кои 28 на снег и 19 на мраз.

1_resize

Зимските азиски игри се одржуваат од 1986 година, а досега се одржани во Јапонија, Кина, Јужна Кореја и Казахстан, земји каде има идеални услови за зимски спортови.

Предвидено е овие зимски игри да се одржат во непостоечкиот футуристички мегаград во пустина вреден 500 милијарди долари. Како што се наведува, во рамките на градот постои можност за зимски спортови во текот на целата година.

л_resize

Најавен уште во 2017 година од саудискиот престолонаследник Мухамед бин Саламан, како дел од иницијативата Saudi Vision 2030, чија цел е да се намали зависноста на саудиската економија од производството и продажбата на нафта, проектот Неом е еден од најголемите зафати на денешницата.

На северозападот на Саудиска Арабија, започната е изградбата на футуристичка метропола, која целосно ќе се потпира на обновливи извори на енергија, пред се ветер и сонце.

tro_resize

Неом ќе се состои од три доминантни области – Троена, Оксагон и Лајн. Зимските азиски игри би требало да се одржат во Троена, „каде што зимските температури паѓаат под нула Целзиусови степени, а температурите во текот на целата година во просек се пониски 10 степени од остатокот од регионот“, се вели на веб-страницата на проектот.

trrr_resize

Според зборовите на Бред Смит, генералниот директор на проектот, Троена опфаќа планински центар недалеку од Арапскиот залив на надморска височина од 1.500 до 2.600 метри и површина од над 60 квадратни километри. За разлика од останатиот дел од регионот, оваа област има многу посвежа клима, а посебен впечаток ќе остави вештачкото езеро и технолошкото село кои ќе бидат сместени во склоп на центарот. Завршувањето на изградбата на првата етапа од проектот Троена се очекува до 2026 година.

„Пустините и планините на Саудиска Арабија наскоро ќе бидат игралиште за зимски спортови“, се вели во соопштението на Олимпискиот совет на Азија (ОЦА) за одлуката донесена за време на состанокот на генералното собрание.

„Троена ќе биде место кое ќе го редефинира планинскиот туризам и еко-туризмот за светот, со нашите големи напори да ја зачуваме природата и да го подобриме квалитетот на животот на заедницата“, рече принцот Мухамед, претседател на Управниот одбор на Неома.

Принцот е познат како некој кој не жали пари, понекогаш трошејќи ги на крајно необични проекти.

Така Бин Салман одлучил Саудиска Арабија да ги организира Зимските азизки игри и нтпреварите на снег и мраз да се одржат во пустината. И тоа во град кој сè уште не постои.

окс_resize

Во склом на Неом е и областа Оксагон во основа замислена како осмоаголник, ќе претставува пристанишен град, кој би бил индустриски, деловен и научен центар на Црвеното Море. Со својата планирана површина од 48 квадратни километри, ќе стане најголемата пловечка структура во светот.

окса_resize

Покрај високо автоматизираното пристаниште, Оксагон својата дејност, со максимално искористување на вештачката интелигенција, би ја засновал најмногу на производство на водород и развој на современи биолаборатории, додека модуларната конструкција би заземала доминантно место во светот на градежништвото.

Дополнително, ако се земе предвид дека околу 13 отсто од глобалната трговија минува низ Суецкиот канал, јасно е дека ова место ќе стане едно од најважните чворишта во светот.

Секако, најинтересната област на Неом ќе биде Лајн – 170-километарска линеарна урбана структура која го поврзува Црвеното Море со планините и висорамнините на северозападниот дел на земјата.

Овој, до сега невиден пристап кон урбанизацијата, би бил дом на повеќе од милион луѓе, а се очекува линеарниот град да ги добие своите први жители до крајот на 2024 година.

Линеарната структура на градот во потполност го заменува традиционалниот концепт на урбан живот, па се планира градот да биде без возила и патишта. Целата инфраструктура, вклучувајќи транспорт, комунални услуги, дигитални чворишта и друга логистика, ќе биде под земја.

Наместо со автомобили, превозот би се одвивал со супербрзи подземни железници, чии возови од едниот до другиот крај на градот би пристигнувале за 20 минути, додека над земја, по должината на линијата би се формирале градски четврти, во чии рамки на пет минути пешачење би бил најголем дел од градската инфраструктура потребна за живот на идните жители.

Screenshot 2022-10-06 110814_resize

Според генералниот директор на проектот, Лајн ќе донесе 380.000 нови работни места.

Овој милионски град планирано е да има три нивоа: едно надземно, кое целосно би било пешачка зона и две подземни – едното за снабдување и одржување на градот, а другото за јавен превоз.

Се очекува повеќе од една третина од конструкциите бидат од модуларен тип, односно најголемиот дел од конструкцијата да биде мпрефабрикувана, за да се заштеди време.

Испрати коментар

Scroll To Top