Италијанскиот произведувач Dialma Brown е специјализиран за изработка на vintage мебел, и тоа со посебен акцент на кујнскиот.
Нивните модели изгледаат навистина спектакуларно, а особено се посакувани од обожавателите на ретро стилот од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.
Парчињата мебел се изработуваат од висококвалитетен масив, медијапан но и од алуминиум и хромиран челик. Кога на овој мебел ќе им се приклучат и декоративните тапети во стил на седумдесеттите, се стекнува впечаток дека овие фотографии се направени пред четириесет години.
Union Jack се јавува како чест мотив во ентериерните елементи кај Dialma Brown.