Италијанскиот дизајнер и архитект Родолфо Дордони креира колекција на градинарски мебел за шпанскиот бренд Kettal.
Колекцијата ја карактеризираат течни форми со ретро елементи и мек колорит во сиви, розови и портокалови бои од една страна, и жолти, кафени и зелени од друга страна.
Сите парчиња во колекцијата, од столици до софи и лежалки за сончање, се водоотпорни. Тие се направени од алуминиумски рамки со површини од плетени полиестерски влакна кои придонесуваат за отпорноста на влага.
Покрај тоа, во колекцијата се појавува и камен како материјал на површината на маси, а со мебелот доаѓаат заедно, исто така, и водоотпорни, декоративни перници. Колекцијата е создадена од потребата за уживање на отворено без жртвување на удобноста, а со техничките решенија во дизајнот и пријатната естетика, овој мебел на Дордони е совршен за секоја градина.