Минимализмот како тренд во дизајнот на ентериер сè уште е еден од доминантните правци; евентуално се преплетува со некои други трендови. Дизајнерите од германското студио Loehr, кои го сочинуваат тројца браќа, исто така биле свесни за тоа.
Својата најнова колекција на мебел ја замислиле како комбинација на минимализмот и влијанијата од уметничкото движење Де Стил, а ја презентирале во рамките на куќата која во 1957 година ја направил славниот Оскар Нимајер. Оваа колекција доаѓа како дополнување на нивната претходна колекција, која се состои од полица, софа, бистро маса и двосед.
Исто така, во споредба со последната колекција, ова донесува поголем спектар на бои. Мебелот е дизајниран со чисти линии, а различните парчиња совршено се надополнуваат едни со други во современите ентериери, без разлика за каква боја ќе се одлучите.