Насловна / Арт и дизајн / Неочекувано откритие под Нотр Дам ги воодушеви археолозите, се чека идентификација на пронајденото тело

Неочекувано откритие под Нотр Дам ги воодушеви археолозите, се чека идентификација на пронајденото тело

Археолошките ископувања под катедралата Нотр Дам открија извонредни богатства што се состојат од статуи, скулптури, гробници и делови од паравани кои датираат од 13 век.

Неочекуваното откритие вклучува неколку антички гробници од средниот век и оловен саркофаг закопан под црквата која е уништена во пожарот. Француските експерти го опишаа откритието како „извонредно“.

nd3

Се очекува саркофагот да биде отворен и испратен до Институтот за форензика, јавува phys.org.

Форензичарите и научниците потоа ќе го отворат саркофагот и ќе ја проучат неговата содржина, со цел да го идентификуваат полот на скелетот и претходната здравствена состојба, рече археологот Кристоф Беније, додавајќи дека може да се користи технологија за датирање со јаглерод.

„Ова богатство го откривме на само 10-15 сантиметри под подните плочи. Беше сосема неочекувано. Имаше исклучителни делови кои ја документираат историјата на споменикот“, вели Беније, кој го предводеше тимот за научно ископување.

nd

„Тоа беше емотивен момент. Имавме неколку стотици вредни парчиња одеднаш – од мали фрагменти до големи блокови, вклучувајќи извајани раце, стапала, лица, архитектонски орнаменти и растенија. Некои од парчињата сè уште беа во боја“, додаде д-р Беније.

Откритието е дело на Францускиот национален археолошки институт, кој беше повикан да изврши „превентивно копање“ под дел од подот на катедралата помеѓу февруари и април пред да биде изградено скеле високо 30 метри и тешко 600 тони за реконструкција на кулата.

nd4

Едно од најнеобичните парчиња е недопрена скулптура на човечка глава, за која се верува дека го претставува Исус, исклесана во камен. Има уште еден блок од кров, за кој се верува дека потекнува од 13 век.

Ископувањата исто така открија и мрежа на заѕидани цевки за греење, поставени под подот во 19 век.

nd1

Експертите веруваат дека оловниот саркофаг може да содржи тело на висок црковен службеник и веројатно датира од 14 век. Камерата вметната во ковчегот открила остатоци од растенија под главата на починатиот, покрај влакната и делови од ткаенината, но немало плочка со која би можело да се идентификува починатиот.

Ќе се направат дополнителни испитувања, вклучително и ДНК тестови.

nd2

Испрати коментар

Scroll To Top