Црногорските туристички работници неочекувано би можеле добро да профитираат оваа зима, и тоа токму поради енергетската криза и високите цени на енергијата во Европа. Станува збор за нова категорија на туристи, првенствено од централна и западна Европа, која на глобалната туристичка сцена е позната под името „енергетски“ туристи, но се кројат и понуди за веќе познатата категорија на дигитални номади.
Со оглед на високите цени на енергијата, голем број граѓани од споменатите земји во Европа резервираат сместување во поевтините дестинации на југоисточна Европа и во Турција, со цел таму да ги минат зимските месеци. За таа цел, надлежните во Црна Гора подготвуваат прифатливи понуди за различни категории на граѓани со посебен фокус за „енергетските“ туристи и за дигиталните номади, а договорено е и формирање на посебна работна група.