Авантуристички пар користејќи ја постоечката структура на кула за набљудување во случај на пожар, го создале својот дом. Кулата што се наоѓа во руралниот дел на Орегон е висока 12 метри и овозможува панорамски поглед кон целата околина. Ентериерот на необичното домување зафаќа само 36 метри квадратни и во него се сместени основните функции за живеење.