Насловна / Архитектура / Необични први работни места на познатите светски архитекти

Необични први работни места на познатите светски архитекти

Патот до почитуван експерт со големо искуство и сразмерно голема плата не е лесен. Треба да проголтате многу кнедли додека не ја пронајдете вистинската работа каде што можете целосно да се изразите. Во исто време, се разбира, никој не гарантира дека веднаш ќе работите во професијата. Всушност, дури и познатите имиња во архитектурата како Френк Гери, Норман Фостер или Даниел Либескинд немале први работни места онакви какви што замислувале.

n_resize

Алвар Алто

Познатиот фински архитект започнал да студира архитектура во 1916 година на Универзитетот во Хелсинки. За време на неговото школување се случила граѓанска војна која ескалирала во Финска. Тој одлучува да се приклучи на Белата армија со која учествувал во решавачката битка за Тампере. По дипломирањето тој не започнал веднаш да проектира. Всушност, тој повторно се приклучил на армијата каде се школувал за офицер. Неговиот прв проект надвор од армијата била куќа за неговите родители.

аа_resize

Тадао Андо

Самоукиот јапонски архитект со светско реноме поминал низ се и сешто во животот. Неговата прва работа била возач на камион, а потоа се обидел како професионален боксер. За архитектура го заинтересирал неговиот брат на 17 -годишна возраст, кој патувал со него на мечевите ширу светот. Андо во една прилика изјавил дека поради познатиот токиски хотел Империјал, по проект на Френк Лојд Рајт, конечно одлучил да престане да се бори со противниците и да се посвети на борбата со инвеститорите.

та_resize

Даниел Либескинд

Овој Полјак, кој го преживеал Холокаустот, во својата младост се занимавал со уметничка изведба на хармоника. Како вешт хармоникаш, Даниел Либескинд се појавил на полската национална телевизија во 1953 година. Кога со семејство се преселил во Њујорк во 1959 година, одлучил да ја замени хармониката со лењир и шестар.

дд_resize

Јо Минг Пеи

Пеи емигрирал од Кина во Америка во 1935 година, каде што веднаш се запишал студии по архитектура. По дипломирањето на МИТ во 1940 година, Пеи се приклучил на Комитетот за национална безбедност (NDRC) за да им помогне на Американците да развијат оружје за потребите во Втората светска војна. Таму поминал две години пред да започне да проектира. Иако малку се знае за тоа што всушност работел во NDRC, се зборува дека успеале да го регрутираат со реченицата: „Ако знаеш како да градиш, мора да знаеш и како да урнеш“.

пеи_resize

Френк Гери

Кога семејството на Гери емигрирало од Канада во Лос Анџелес во 1947 година, младиот Френк морал да вози камиони за да врзе крај со крај. Откако собрал доволно пари за школување, завршил колеџ. Гери своевремено изјави како изгледал тој период од животот: „Се обидов како радио водител, што не помина баш најдобро. Пробав и како хемичар – ни тоа не помина баш најдобро. И тогаш пробав со студии по архитектура“. Френк дипломирал на Универзитетот во Јужна Калифорнија во 1954 година.

ger_resize

Рем Колхас

Пред да започне да се занимава со архитектура, овој Холанѓанец бил писател. Откако ги напишал првите редови за весникот Haagse Post, Колхас учествувал во пишување сценарио за холандскиот филм „Белиот роб“. Потоа заедно со Рене Далер пишувал сценарио за филмот „Холивудската кула“ за Рас Мејер, озлогласениот американски режисер на порнографски филмови. Филмот никогаш не е снимен.

rem_resize

Норман Фостер

По завршувањето на основното училиште во Манчестер, Фостер се вработил како банкарски благајник, а потоа служел војска во рамките на Кралското воздухопловство (RAF). Од 1956 до 1961 година, студирал основни архитектонски студии во неговиот роден град, а потоа ги продолжил студиите на Јеил, кои ги завршил со највисоки оценки и признанија.

nor_resize

Испрати коментар

Scroll To Top