Американскиот интердисциплинарен уметник Кристал Вагнер, трансформира зграда во полскиот град Лоѓ. Се работи за инсталација наречена Hyperbolic, која се појави на челото на објектот, а која со својата атрактивна форма и боја привлекува големо внимание. Инсталацијата е дел од меѓународниот проект UNIQA Art Łódź, а куратор на проектот е Michał Bieżyński.
Самата инсталација е направена од комбинација на жици, кабли и најлон. „Јас сум многу заинтересиран за воспоставување на дијалог помеѓу архитектурата и органските форми и структури кои се наоѓаат во природата“, објасни накратко Вагнер.
„Вагнер на некој начин го презел просторот. Сакал да се создаде впечаток на ‘проголтување’ со различни елементи во контекст на архитектурата и инфраструктурата. Во своето дело најчесто се користи со секојдневен текстил и синтетички материјали за изработка на аморфна и органска структура“, вели кураторот. Ова предимензионирано дело, имплентирано во прозорците и балконите, нагласено е со розови, виолетови и сини боја.