AtelierOslo е проектантското биро кое стои зад проектот на оваа колиба која се ноѓа во Корксогенските шуми во Норвешка. Лоцирањето на колибата на падината отвора прекрасни погледи кон езерото Steinsfjorden.
Локацијата е често изложена на силни ветрови, па колибата е организирана околу неколку отворени простори кои обезбедуваат засолниште од ветар и искористување на сонцето во различни периоди од денот.
Внатрешноста е обликувана како континуиран простор. Заоблените ѕидови и тавани формираат континуирани површини прекриени со 4-милиметарска иверица од бреза.
Подот го следи теренот и ја дели основата на неколку дела на различни нивоа, кои исто така дефинираат различни функционални зони во колибата. Транзициите помеѓу овие нивоа овозможуваат со неколку чекори да се сменат различни функции од дневниот престој до ноќниот.
Каминот се наоѓа во центарот на објектот, обезбедувајќи чувство на камперски оган во пејзажот зад стаклата. Видлив од сите нивоа, во него можете да уживате топлејќи се од блиску или од подалку.