Насловна / Вести / Необична аргентинска компанија: Самохрани мајки прават обувки од рециклирана гума

Необична аргентинска компанија: Самохрани мајки прават обувки од рециклирана гума

Во Аргентина, над 100.000 тони гума годишно завршува на депониите. Значителен дел се пали, придонесувајќи на тој начин за огромниот проблем со загадувањето на воздухот. Неколку пријатели дошле на идеја да ја користат отпадната гума на инвентивен начин – изработувајќи гумени обувки. Но, нивниот придонес кон заедницата не е ограничен само во областите на заштитата на животната средина и одржливиот развој. Тие одлучиле во производтвото да вклучат ранливи категории на граѓани – првенствено самохрани мајки. Компанијата Xinca  денес вработува 25 жени од руралните аргентински области. Основачите велат дека нивната цел е преку овој необичен бизнис да им помогнат на жените и да ги направат финансиски независни.

58dffc766b1db_1420_!

infografia

Истражувања од 2014 година покажуваат дека една четвртина од аргентинските домаќинста се под старателство на еден родител, а дури во 72% од случаите тоа с емајките. Иако државата конечно успеа да излезе од рецесија, јазот помеѓу богатите и сиромашните и натаму е многу изразен. Компанијата Xinca е основана во 2013 година, и од тогаш 20.000 килограми отпадна гума добиле нова намена. На месечно ниво компанијата произведува 1500 чифта обуви со гумени ѓонови, но компанијата се занимава и со рециклирање на текстил, па својот асортиман на производи го проширила и на качкети и ранци кои се продаваат на интернет.

Испрати коментар

Scroll To Top