Насловна / Вести / Необичен мост за уживање во пејзажот при возењето

Необичен мост за уживање во пејзажот при возењето

Kruzen most vo Urugvaj1

Кружниот мост кој ги поврзува градовите Рочу и Малдонадо во Уругвај, проектиран е со цел да ги наведе возачите да успорат и да се препуштат на убавината на природата, барем за кратко додека го преминуваат. Проектот е дело на Рафаел Вињоли, а изградбата траела 12 месеци.

Kruzen most vo Urugvaj

Изграден е  на место каде порано се наоѓале сплавови, кои биле наједноставното средство за минување од едната на другата страна. Целта на овој мост била да се измени традиционалниот начин на сфаќање за патувањето и да се намали брзината, при што ќе се ужива во еден неверојатен предел.

Kruzen most vo Urugvaj2

Освен тоа, направен е и простор за пешаците кој е обезбеден со ограда.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top