Rool е стол-лулaшка што се состои од три вешто поврзани елементи од свиткана иверица.
Поточно, столчето лулашка Rool е истовремено и совршено украсно парче за дневната соба, кое нема да зазема премногу простор. Столчето е идеално парче мебел за сите мали апартмани кои се во хронична потрага по поудобно и поинтересно место за седење.
Rool не изгледа како најудобното или најстабилното седиште на светот, но изгледа необично и крајно оригинално. Всушност, повеќе личи на музејско дело. Она што е уште поуникатно во неговата функционалност е тоа што е дизајниран да се лула, но – од една на друга страна. На овој начин се ниша целото столче, и тоа во сите правци.
Столот е направен од иверица, но трите дела се дизајнирани да се виткаат „вештачки“ за да дадат не само уникатен дизајн, туку и функционалност за лулање. Неговиот уникатен изглед е она што го издвојува од масата на слични производи, но и неговиот прилично органски изглед кој совршено ќе се вклопи со секој стил во ентериерот.