Необичниот нов концепт на мега јахтата на иднината, наречена Ono, изгледа како НЛО кој лебди над водата. Арас Казар, познатиот европски дизајнер на јахти, кој има турско потекло, досега има дизајнирано „минималистички, футуристички и стилски јахти. За оваа вели дека е пловечка вила. Долга е 150 метри и би требало да изгледа како „непознат објект кој лебди над хоризонтот”. Јахтата има клинеста силуета која создава илузија дека пловечки објект излегува на површината на водата. Има и голема предна палуба со хелиодром.
На предната палуба се наоѓа базен кој каскадно се спушта. Неколку чекори пониско е голема платформа за пливање, со простор за одмор покрај водата, како и директен пристап до океанот. Со мешавина од алуминиум, фиберглас и калено стакло, јахтата има црна боја што делува многу футуристички. Казар осмислил и кровни соларни панели кои можат да генерираат електрична енергија и платформи на расклопување во средишниот дел на јахтата. Има кино, три апартмани, пет кабини и простор за екипажот.